Преглед на производот
НОВА ера во сузбивање пламеницата
Фунгицид за сузбивање на причинителите на пламеници кај виновата лоза, доматот, модриот патлиџан и марулата.
МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО
Активната материја oxathiapiprolin/оксатиапипролин се движи трансламинарно придонесувајќи за рамномерна заштита на листовите и системично, преку ксилемот, заштитувајќи го новиот растителен пораст. Дејствува како инхибитор на сврзувањето на оксистеролот (OSBPI) во клетките на фитопатегените габи нарушувајќи ги клеточните функции како сигнализација, одржување на клеточните мембрани и создавање на липиди неопходни за животниот циклус на габите.
Активната материја mandipropamid/мандипропамид се апсорбира од растителните ткива и се движи трансламинарно, спречувајќи ртење на спорите, пораст на мицелијата и спорогенеза.
СПЕКТАР НА ДЕЛУВАЊЕ, ДОЗА, ВОЛУМЕН НА ВОДА, ВРЕМЕ НА АПЛИКАЦИЈА, КАРЕНЦА
ВИНОВА ЛОЗА (вински и трпезни сорти на грозје): за сузбивање на причинителот на пламеница на винова лоза (Plasmopara viticola).
Доза: 0,67 L/ha (макс) или 450 mL производ/10.000 m2 лисна површина (LWA)*или 670 mL производ/1000 L раствор за третирање.
Волумен на вода за единица површина хектар: 100-1000 L/ha.
Време на апликација: Третирање пред фаза на цветање т.е трет развиен лист и појава на зачеток на ластари до фаза на oмекнување на зрната – созревање (BBCH 13-85).
Максимум 2 апликации во сезона со интервал на третирање од 10-14 дена.
Каренца: 21 ден.
ДОМАТ (на отворено) и МОДАР ПАТЛИЏАН на (отворено - минорна употреба): за сузбивање на причинителот на пламеница на домат и компир (Phytophthora insfestans).
Доза: 0,4 L/ha (макс).
Волумен на вода за единица површина хектар: 200-1000 L/ha.
Време на апликација: Третирање од фаза на развиен прв вистински лист на главното стебло (пред цветање) до фаза на полна зрелост (BBCH 11-89 ).
Максимум 3 апликации во сезона со интервал на третирање од 7-10 дена.
Каренца: 3 дена.
ДОМАТ (затворен простор- оранжерија), МОДАР ПАТЛИЏАН (затворен простор - оранжерија) (минорна употреба): за сузбивање на причинителот на пламеница на домат и компир (Phytophthora infestans)
Доза: 0,4 L/ha (макс) или 200 mL производ /10.000 m2 лисна површина (LWA).
Волумен на вода за единица површина хектар: 200-1000 L/ha
Време на апликација. Третирање од фаза на развиен прв вистински лист на главното стебло (пред цветање) до фаза на полна зрелост (BBCH 11-89 ).
Максимум 3 апликации во сезона со интервал на третирање од 7-10 дена.
Каренца: 3 дена.
МАРУЛА (отворено и затворен простор - оранжерија): за сузбивање на пламеница на марула (Bremia lactucae)
Доза: 0,4 L/ha (макс)
Волумен на вода за единица површина хектар: 200-800 L/ha
Време на апликација.Tратирање од фаза на развој на прв вистински лист додека растението
не ја достигне својата типична големина и форма (BBCH 11-49).
Дозволена е максимум 1 апликација во заштитени простори и до 2 апликации на отворено во текот на една вегетациска сезона, со интервал на третирање од 7-10 дена.
Каренца: 7 дена.
Сродни производи
Фунгицид
Ridomil Gold Combi 45 WG
Водорастворливи гранули WG
- 50 g/kg metalaxyl-m
- 400 g/kg folpet
Фунгицид
Dynali
Растворливи концентрат (DC)
- 60 g/l difenoconazol
- 30 g/l ciflufenemid
Фунгицид
Nordox 75 WG
Водорастворливи гранули WG
- 750 g/kg Бакар во форма на бакар оксихлорид
Фунгицид
Chorus 50 WG
Водорастворливи гранули WG
- 500 g/kg cyprodinil
Фунгицид
Ridomil Gold R WG
Водорастворливи гранули (WG)
- 20 г/кг metalaxyl-m
- 141.9 г/кг Бакар во форма на бакар оксихлорид
Фунгицид
Thiovit Jet
Водорастворливи гранули WG
- 800 g/kg sulfur
Фунгицид
Ampexio
Водорастворливи гранули (WG)
- 250 g/kg mandipropamid
- 240 g/kg zoksamid
Фунгицид
Topas 100 EC
Kонцентрирана емулзија ( EC )
- 100 g/l penconazole
Фунгицид
Switch 62,5 WG
Водорастворливи гранули WG
- 375 g/kg cyprodinil
- 250 g/kg fludioxonil
Фунгицид
Score 250 EC
Kонцентрирана емулзија ( EC )
- 250 g/l difenoconazole
Фунгицид
Pergado F
- 50 g/kg mandipropamid
- 400 g/kg folpet
Фунгицид
Quadris
Kонцентрирана суспензија ( SC )
- 250 g/l azoxystrobin