

Против пламеница почнувајќи од најраните фази и со соодветни алатки.
Што да очекуваме доколку направиме пропуст кај пламеницата (Plasmopara viticola)
![]() |
![]() |
![]() |
• Намалување на хлорофилот, помала фотосинтеза, намалена зелена површина • Помало складирање на асимилати • Послабо зреење на плодовите • Помала количина на шеќери • Поголема количина на киселини |
• Инфекција на дршката • Деформирање на самата реса - соцветие и покривање со бела превлака, при што доаѓа до целосна некроза сушење • Проредување на гроздот и помала тежина на здравит зрна во гроздот • При силен напад загубите може да надминат 70 % |
• Појава на дамка на зрната – сушење на гроздот • Слаби комерцијални какрактеристики • Помал број на гроздови – помал принос |
Одлична отпорност на измивање од врнежи – за успешен старт
Високата способност на активната материја mandipropamide/мандипропамид да се врзува за восочните слоеви за кутикулата од листот, им овозможува на сите производи од линијата Пергадо висока отпорност од измивање, со цел да се постигне одлична заштита на сите органи кај виновата лоза, посебно во најкритичните фази од развој.
Пергадо гарантира ефикасност дури и во случаи кога врнежи се јавуваат само по неколку часа по третирањето.
Двојно дејство LOK+FLO за комплетна заштита на листот и гроздот
LOK | брза апсорпција со цврсто врзување за зелените делови и гроздот и се депонира во восочниот слој (акумулирање на активна материја) – резултат висока ефикасност, независно од временски услови |
FLO | трансламинарна активност со пoстепено ослободување на активната материја – при што се добива продолжена заштита, со куративно – лековито делување |
Нов двоен начин на заштита во сите развојни стадиуми на виновата лоза – единствена технологија.
Мандипропамид е паметна молекула која навлегува трансламинарно во растителните ткива, но освен тоа се врзува за восочниот дел на листовите и зрната. На овај начин Пергадо Ф го инхибира развојот на мицелијата, и го стопира развојот на спорите. Пергадо Ф делува превентивно со инхибирање на развој на спорите, куративно или лековито со сузбивање на мицелијата, како и атиспорулативно до колку се третира веднаш по инфекција односно го запира спороносењето.
Кога да се користи ПЕРГАДО Ф
Формулациите од линијата на PERGADO може да се користат во текот на сите фази кај виновата лоза, со можност за избор во согласност со стратегијата.
Без проблеми за вината наменети за извоз
Извозот на вина произведени од грозје заштитувано со ПЕРГАДО е загарантиран во повеќе земји, благодарение на:
• широката употреба на производот во светот (регистриран во повеќе земји)
• квалитетот на грозје и вино одговараат со потребите на синџирот за снабдување