

Ортива Топ е нов фунгицид со широк спектар , кој содржи две активни материи со различен механизам на делување, со двојно поголема ефикасност против најважните причинители на болести во градинарското производство.
Ортива Топ содржи азоксистробин кој силно делува против пепелница , пламеница, црна дамкавост, антракноза, дамкавост , како и дифеконазол високо системична активна материја која покрај превентивното, има високо системично делување против причинителите на пепелница , црна дамкавост, септориа, антракноза , ризохтониа и останати болести.
Карактеристики и начин на делување
Во случај на труење веднаш престанете со работа, повикајте лекар на Клинички центар, Скопје, Клиника за токсикологијa (02 314 76 35), 24 часовна дежурна служба, или брза помош (194), и да се донесе оваа етикета и упатство за употреба.