

Копрантол Дуо е нов фунгицид со избалансирана содржина на бакар оксихлорид и бакар хидроксид. Двете бакарни активни супстанции се формулирани како WG - водорастворливи гранули. Оваа иновативна бакарна формулација го комбинира брзиот ефект на бакар хидроксид и долгите последователени ефекти на бакар оксихлорид.
Копрантол Дуо е патентиранa формулација што користи синергизам или максимално вземно делување помеѓу двете бакарни активни материи, покажувајќи го максимумот на делување против патогените.
Комбинацијата од бакарните активни супстанции им осигурува на производителите брз, продолжителен единствен и сигурен ефект.
Формулацијата на Копрантол Дуо е со оптимизирана големина на микрогранулите, за да се постигне подобра покриеност на третираната површина и со самото тоа се добива поефикасен фунгициден ефект на производот.
Главни предности на оваа двојна формулација се:
• поголема адхезија или таканаречен ефект на заштитна фолија “ на третираните делови
• подолг период на заштита на листовите (потешко се измива)
• постепено ослободување на активните бакарни јони (подолг последователен ефект)
• подобар ефект против бактериски патогени.
Дистрибуција на Копрантол Дуо во растителните ткива во споредба со традиционални бакарни формулации
Култура |
Болест |
Време на употреба |
Доза на употреба |
Винова лоза |
Пламеница, Црна дамкавост и Црно гниење |
Во првите фази на развој |
1,7-2 кг/ха |
Од цветање до фаза на зреење, до колку се оди само со контактни може да се зголеми дозата |
1,7-2,7 кг/ха |
||
Јаболчесто овошје - јаболка, круша, дуња |
Чадлива краставост |
Од фаза на бабрење на пупките до почеток на цветање |
2,5-2,7 кг/ха |
Да се продолжи со 1 или 2 третирања во фаза бабрење на пупките и почеток на цветање |
|||
За органско производство може да се продолжи и после фаза на цветање |
1,7-2,5 кг/ха |
||
Рак-рани и бактериски заболувања |
1-2 апликации по берба на плодовите се до опаѓање на листовите во интервал од 15 дена |
3,6-4,2 кг/ха |
|
Коскесто овошје - кајсија, цреша, слива, бадем, праска, нектарина |
Шупликавост на листот (Stigmina carpophylla), кадравост на листовите (Taphrina deformans), кафеаво гниење на плодовите - (монилија), бактериски заболувања |
Од фаза бабрење на пупките до фаза цветање ( розе папка за праската, нектарини), почетниот третман е од суштинско значење против причинителите и на бактериски заболувања. |
2,7-3 кг/ха |
Бактериски заболувања |
Третмани во фаза на паѓање на листовите |
3-4 кг/ха |
|
Јаткасто овошја |
Кај сите јаткасти овошја да не се надминува препорачаната доза |
3,5 кг.ха |
|
Орев |
Сива дамкавост (антракноза) |
2-3 третмани во периодот на отварање на пупките се до завршување на цветањето |
2,5-3,5 кг/ха |
Костен |
Дамкавост на листот |
Во лето во случај на дождливи периоди |
3,5 кг/ха |
Лешник |
Рак рани |
Есенско зимски третмани |
3,5 кг/ха |
Јагода |
Сива дамкавост, црвена дамкавост |
Во тек на вегетација |
3,5 кг/ха |
Бактериски заболувања |
Есенски третмании |
2-2,5 кг/ха |
|
Домат, модар патлиџан |
Пламеница и бактериски заболувања |
При појава на услови за остварување на инфекција (дожд, висока влажност на воздухот), на секој 7-8 дена |
1,8-2,5 кг/ха |
После апликација на системични или локосистемични фунгициди |
2 кг/ха |
||
Во заштитен простор |
1,5-2 кг/ха |
||
Споредно делување на сиво гниење, мувлосување на листот и црна дамкавост. |
|
||
Компир |
Пламеница и црна дамкавост |
Од почеток на вегетативен развој на секој 7 дена |
2,5-2,8 кг/ха |
Култура |
Болест |
Време на употреба |
Доза на употреба |
Лук и кромид |
Пламеница |
Од фаза на 4 развиени листови до фаза придодно сушење на први листови |
1,7 кг/ха |
Во заштитени простори |
1,5 - 2 кг/ха |
||
Споредно делување на причинители на сиво гниење и бактериозни гниење |
|||
Диња, лубеница, тиква, тиквичкац, краставица, корнишони |
Пламеница, дамкавост, бактериска пламеница |
При појава на поволни услови за развој на болеста со продолжение во целиот вегетативен период 3-6 апликаци |
2,5-2,8 кг/ха |
Во заштитени простори |
1,5-2 кг.ха |
||
Карфиол |
Пламеница, бела рѓа, црна дамкавост (алтернариа), бактериски заболувања |
По појава на поволни услови за развој, со продолжување низ целиот вегетациски период во интрервал од 7 дена, 3-6 апликации |
1,8-2 кг/ха |
Артичока, трн |
Антракноза, споредно делување на бактериски гниења |
При појава на услови за остварување на инфекција на секој 7 дена |
2-2,8 кг/ха |
Лиснат зеленчук |
Пламеница |
При појава на услови за остварување на инфекција на секој 7 дена, 3-6 апликации |
2-2,5 кг/ха |
Коренест зеленчук |
Пламеница, црна дамкавост, бела рѓа, бактериски гниења |
При појава на услови за остварување на инфекција на секој 7 дена, 3-6 апликации |
1,8-2 кг/ха |
Шеќерна репа |
Дамкавост на листот |
При први симптоми |
3,5 кг/ха |
Украсни растенија |
Пламеница , лисна дамкавост, антракнозаз, рѓа, бактериски заболувања |
При појава на поволни услови за развој и ширење на болеста |
1,5-2 кг/ха |
Декоративни растенија - чемпрес |
Рак рани |
При појава на поволни услови за развој и ширење на болеста |
2,4-4 кг/ха |
Каренца
Праска, нектарини, бадем кајсија, слива, цреша, чемпрес - обезбедено со времето на употреба.
Винова лоза, јаболка, круша, дуња - 20 дена.
Домат (за свежа консумација), модар патлиџан, краставица, корнишон, тиквици, лук, кромид, артичока, јагода - 3 дена.
Компир, диња, лубеница, тиква, марула и други салати - 7 дена.
Домат за конзервирање - 10 дена.
Карфиол, орев, лешник, костем, трупка (бела репа), ротквица, рен - 14 дена.
Во случај на труење веднаш престанете со работа, повикајте лекар на Клинички центар, Скопје, Клиника за токсикологијa (02 314 76 35), 24 часовна дежурна служба, или брза помош (194), и да се донесе оваа етикета и упатство за употреба.