Зелкова лисна совица

Mamestra brassicae


  • Широко распространета
  • Презимува како кукла во почвата на длабочина 5-10 см и развива 2-3 генерации годишно
  • Првите пеперутки се појавуваат во подоцнежната пролет или рано лето
  • Оплодената женка снесува до 200 јајца
  • Јајцата се полагаат ниско врз лисјата
  • Ембрионалниот развој е од 6 до 9 дена
  • Гасениците од прва возраст не се движат активно, а се хранат во осно-вата на лисјата
  • Периодот на развој на гасениците е околу 25-30 дена
  • Преку есента се вбушуваат во кочанот на растението, каде длабат ходници
  • Остататоците од храна и водата во ходниците започнуваат да гнијат и растението угинува
  • Оштетувањата се по лисјата и китките со цветови (главите)
  • Куклењето започнува во почвата на длабочина 9-12 см, малку пред прибирањето на реколтата