Phoma lingam
- Може да се поjави во текот на целата вегетација
- Оштетувањето на расадот е на долниот дел од стеблото
- Кората на стеблото избледнува и се обојува во сиво
- Во случај на засушување се оформуваат пикнидии во форма на црни точки
- Стеблата се сушат и растението гине
- При расадување на болни растенија, болеста го продолжува својот развој
- Растенијата заостануваат во својот развој, на надворешен изглед се хлоротични, долните лисја се обоени во црвено - виолетово до синкаво
- Во основата на стеблото се развива суво гниење
- Голем дел од растенијата гинат
- Во влажно време оформените пикнидии ги заразуваат соседните растенија
- Високата влажност (60-80%) и топлото време се предуслов за развојот на болеста
- На температура 25°С инкубацискиот период е 5-6 дена, а на 9-10°С - до 23 дена