Преглед на производот
За да ги исполниш целите, треба да погледаш подалеку!
Двојно селективен хербицид за теснолисни плевели, и некои широколисни плевели.
Serrate® е нов целокупен хербицид кој се употребува после никнување кај мека и тврда пченица, тритикале и рж.
Двете активни материи меѓусебно се надополнуваат , при што се апсорбираат преку листовите, се транслоцираат во вегетативното ткиво, каде делуваат на биосинтезата на масни киселини и на ензимот амино лактат синтаза ( ALS )
Главни особини на Serrate®
- Два различни механизми на делување и двоен нокдаун ефект за сузбивање на плевелите
- Широк спектар на делување на сите теснолисни и некои важни широколисни плевели
- Ефикасен во широк распон на температути и ефикасен во широк спектар на фази на плевелите за нивно уништување
- Системично и контактно делување , дополнето со почвено делување
- Ги контролира сите важни теснолисни плевели вклучувајќи и класатка - Bromus diandrus, Bromus sterilis и некои важни широколисни плевели
- Многу брзо делување и навлегување во плевелите , по само еден час од тртирањето
- Високо ефективен, поради накрсното делување на двете активни системични материи
- Брзо делување 48 сати после третирањето , плевелите го стопираат растот и почнува процесот на целосно угинување на истите
- Без ограничување во нарената сеидба
- Широк прозор на употреба – најдолг во неговата група
Култура |
Плевели |
Време на употреба |
Доза, конентрација |
Потошувачка на вода |
Напомена |
|
Пченица, јачмен, тритикале и рж |
Теснолисни и широколисни плевели |
BBCH ( 13 - 32 ) Од фаза три листа до фенофаза каде второто коленце е 2cm над првото коленце |
250 гр на хектар + прилепител Адигор 1-1,5 л |
200 – 300 l/ha |
Смее да се употребува само еднаш годишно на иста површина. |
|
Спектар на делување
Tеснолисни плевели |
Широколисни плевели |
Ветрушка ( Apera spica venti, Apera spp ) |
Камилица ( Matricaria sp./ Matricaria chamomila ) |
Див овес ( Avena fatua, Avena sterilis/ludoviciana ) |
Вртипоп полски ( Anthemis arvensis ) |
Лисичја опашка ( Alopecurus myosuroides ) |
Див синап ( Sinapis Arvensis ) |
Класатка ( Bromus sterilis/diandrus ) |
Лепавец ( Galium aparine/ Galium spp. ) |
Раиграс,љуљ( Lolium multiflorum, Lolium spp ) |
Дива зелена салата ( Lactuca serriola ) |
Фаларис, канарска трева ( Phalaris paradoxa, Phalaris sp. ) |
Повит ( Polygonum aviculare ) |
Совети при апликација
- Работниот раствор при апликација да е минимум 200 l/ha
- Да се применува со прилепител Адигор 1-1,5 l/ha за максимална ефикасност
- За најдобра ефикасност апликацијата треба да се подреди према чуствителните фази на плевелите – односно во раните фази
- Не треба да се меша со 2,4 D , Dicamba – со хормонски хербициди, како и со ѓубрива на органска основа
- Не треба да се третира кога се очекуваат слана, голем студ, мраз или при голем стрес на културата
- Да се избегнува мешање со органофосфорни инсектициди, регулатори на раст, како и лисни ѓубрива, поради намалување на ефикасност или можна појава на фитотоксија. Најдобро е употреба на органофосфорни инсектициди 14 дена после третирањето, како и 7 дена разлика со ѓубрива и регулатори на рас