Преглед на производот
Прашање на квалитет
Исабион е ѓубриво со биостимулирачко дејство со природно потекло, соодветно за сите видови на култури.
Составен е од соодветна комбинација на слободни аминокиселини и пептиди со долг и краток ланец. Исабион ја промовира енергичноста и развојот на коренот, поттикнува
подобро цветање, го подобрува квантитетот и квалитетот на производството.
Модерни насади за финален производ со висок квалитет
Исабион е произведен во Италија во технолошки напредни системи, според највисоки стандарди за микробиолошка безбедност и безбедност на животната средина.
Процесот е комплетно автоматизиран и контролиран со цел да се добие краен хомоген производ, со постојана висока концентрација. Сето ова, резултира во производство на биостимулатор со одличен квалитет, кој брзо се абсорбира од страна на растенијата и не содржи хемиски елементи штетни за почвата и културите.
Исабион - Лек за секоја ситуација
Во фазите на ‘ртење, раст, цветање и плодоносење, примената на Исабион е од големо значење
Покрај важното значење на Исабион пред се на аминокиселинскиот состав во најзначајните фази на развој на растениата, Исабион е неопходно средство кое посебно се препорачува во стресни ситуации за растението.
Се поголемите климатски промени, стресните услови (ниски температури, град, суша, фитотоксија, како и појава на болести и штетници), се еден важен дел од секојдневното производство.
Растенијата во стресни услови не произведуваат доволно аминокиселини, што се одразува на послаб раст, блокирани растенија, послаб развој, за на крај да имаме послаб квалитет на плодовите и помал принос. Со примената на Исабион растенијата добиваат корисна инфузија, без штетни последици.
Болести и штетници
Исабион покрај во горенаведените услови, има најголема улога во подршка на растенијата кои претрпеле стрес од причинители на болести и штетници. Исабион помага во побрзо заздравување на растенијата и побрзо надминување на стресот предизвикан од истите. Исабион делува како инфузија за растението во стресни ситуации.
Мрзнење
Во случај на ниски температури, дури и на неколку степени под 00С, кај овошни насади во фаза на цветање или прецветување, се забележува дека со предходна превентивна апликација може да се ограничи бројот на оштетени цветови.
Град
Исабион го стимулира вегетативното обновување, со цел да ја поврати вегетативната загуба и причинетите штети од град.
Соленост на почвата
Аплицирањето на Исабион во почвата помага за неутрализирање на негативните ефекти од солта која се наоѓа во самата почвата или се наоѓа во почва поради наводнувањето со солена вода.
Суша
Фолијарната апликација со Исабион формира бариера која ја намалува загубата на вода кај растението, со тоа што формира слој составен од пептиди со краток ланец.
Штети поврзани со феноменот на фитотоксичност
Фолијарната или почвената апликација со Исабион помагаат при штети предизвикани од фитотоксични ефекти предизвикани од други производи.