

Двокомпонентен инсектицид со двојно повисок ефект за контрола на основните штетници во градинарството и поледелството
• Инсектицид со широк спектар со двоен механизам на делување
• Флексибилна апликација
• Сигурно решение против отпорни форми на штетници
• Без ризик од резистенција
• Моќно инсектицидно делување против најважните штетници во сите развојни фази
Амплиго е во течна формулација, неговиот врвен квалитет и делувањето против најважните штетници, придонесуваат Амплиго
да нема потреба да се комбинира, при што се поедноставуваат операциите и се намалува ризикот
Благодарение на двојниот механизам на делување и ларви-овицидниот ефект, Амплиго може да биде применет во најнеопходниот момент - за време на носењето на јајцата или кога се појавуваат првите ларви или при првите повреди на листовите. Исто така поради широкиот спектар на дејство, Амплиго ни овозможува истовремено да ги контролираме најважните штетници во градинарството, пченка, слатка пченка и останатите култури .
Паметен избор за сигурно и рентабилно производство
Амплиго делува на штетниците на два различни начина, што не дозволува појава отпорни форми односно резистентност. Едниот начин односно едната активна материја делува на натриумовите канали во нервните клетки. со што предизвикува целосна дезориентација, и доведува до смрт на самите штетници. Вториот ефект на Амплиго е на рианодинските рецептори, кој ја нарушуваат мускулната функција, при што доаѓа до парализа и смрт на штетниците.
1. Прва појава на симптоми после еден час од третирањето
2. Хранењето запира веднаш по апликацијата
3. Првите ларви умираат во првите 24 часа, процесот на угинување или целосниот ефектот во наредните три дена
4. Во полски услови, има брз “нок-даун” ефект и долга последица поради а.м. хлорантранилипрол
• Комбинирано контактно, стомачно и трансламинарно делување
• Брз почетен нокдаун ефект и долг последователен ефект
• Силна отпорност на измување од дожд
• Стабилен и ефективен во широк температурен опсег
• Флексибилен во врето на апликација
• Намалување на микотоксините во пченка
• Синергизам и заедничко дополнување на активните материи
Култура |
За контрола на |
Доза на употреба |
Време на употреба |
Каренца |
Домати |
минер на доматот (Tuta absoluta), совици (Helicoverpa armigera, Spodoptera exigua), и лисни вошки (Aphis fabae, Aphis gossypii, Macrosiphum euphorbiae, Myzus persicae) |
400 ml/ha |
Од почеток до фаза на полна зреење (BBCH 51-89) |
3 дена |
Брокула |
зелков молец (Plutella xylostella), голем зелкар (Pieris brassicae), совица (Spodoptera spp.) и лисни вошки (Brevycorine brassicae, Myzus persicae, Lipaphis erysimi) |
400 ml/ha |
Од фаза на два развиени листови до целосно формирање на главица (BBCH 12-49) |
14 дена |
Артичока |
лисни вошки (Brachycaudus cardui, Brachycaudus persicae, Macrosiphum sp.) и совици (Spodoptera exigua, littoralis и Chrysodeixis chalcites) |
300 ml/ha |
Од фаза на два развиени листови до 90% развиеност на целокупната лисна маса |
3 дена |
Компир |
компиров молец (Phthorimaea operculella) и компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) |
300 ml/ha |
Од фаза на затварање на редовите, до почеток на цветање |
ОВП |
Пченка |
пченкин молец (Ostrinia nubilalis), совица (Sesamia nouagriodes), пченкина совица (Helicoverpa armigera), пченкарна златица (Diabrotica virgifera) |
300 ml/ha |
Од фаза на три видливи нодии до фаза млечна зрелост |
14 дена |
Шеќерна пченка |
Од 4 развиени листови до фаза физиолошка зрелост |
14 дена |
Во случај на труење веднаш престанете со работа, повикајте лекар на Клинички центар, Скопје, Клиника за токсикологијa (02 314 76 35), 24 часовна дежурна служба, или брза помош (194), и да се донесе оваа етикета и упатство за употреба.