10 правила

Правила при користење на средства за заштита на растенијата

         Пред примена

10 корисни совети како безбедно да ги користите средствата за заштита на растенијата, но и како да ја зачувате животната средина

  1. Средства за заштита на растенијата треба да се чуваат заклучени, на одредено суво, темно и ладно место, издвоено од храна за луѓе и животни, на место недостапно за деца, неупатени лица, домашни или диви животни.

  2. Пред примената задолжително детално прочитајте ги етикетата и упатството за употреба, по потреба задолжително побарајте дополнителен совет од производителот на средството, дистрибутерот или од стручно лице.

  3. Подгответе ја и за време на примената носете ја препорачаната лична заштитна опрема, како што е наведено на етикетата на средството за заштита на растенијата и во согласност со работата која се извршува. Редовно контролирајте ја исправноста на заштитната опрема, по потреба извршете замена со нов дел / делови.

  4. Вршете редовна калибрација на уредите за примена, прскалки, атомизери и други. Редовно менувајте ги распрскувачите, се работи за делови кои најмногу се оптеретуваат и трошат. Да се контролираат и по потреба да се поправат или заменат и останатите делови од уредите за примена.

  5. Внимателно подгответе го потребното количество на раствор за примена, на место одалечено од површински или подземни води.

  6. Празната амбалажа од средствата за заштита на растенијата исплакенте ја најмалку три пати со чиста вода, при што овој раствор истурете го во резервоарот на уредот за примена и потрошете го. Остатокот од средството правилно чувајте го во добро затворена оригинална амбалажа.


    Во текот на примената

  7. Не прскајте во близина на водени површини, оставете зона од најмалку 20м од вода, некогаш и повеќе, водете сметка за брзината на ветерот, не прскајте при појак ветер, избегнувајте примена во најтоплиот дел од денот и правилно подесете ги распрскувачите и висината на гранката на прскалката.

    По примената

  8. Детално исплакнете го уредот за примена, посебно по употреба на хербициди, ако со истиот уред подоцна се применуваат и други видови на средства за заштита на растенијата. При плакнењето спречете контаминација на водата, растворот потрошете го во полето или чувајте го на посебно место.

  9. Измијте ја или исчистете ја заштитната опрема, ставете ја истата на чисто и суво место предвидено за тоа, добро измијте ги рацете со вода и сапун и истуширајте се.

  10. Измиената и сува празна амбалажа, со одвоени капаци на шишињата, сочувајте ја се додека не ја соберат со цел уништување или рециклажа од за тоа овластени претпријатија во системот SECPA EKO MODEL.

    За сите прашања во врска со безбедната употреба на средствата за заштита на растенијата, видете на www.macedonia.syngenta.com или пишете му на miroslav.ivanovic@syngenta.com.
    Со анализа на овие параметри можете однапред да ги планирате своите активности во полето. Пронајдете ја вашата локација (село или град) на нашата временска прогноза, планирајте ги мерките за заштита и заштедете време и пари.

Техника на примена

Со редовна контрола на уредите за примена, со замена на неисправните или оштетени делови, со правилна употреба на прскалките или атомизерите, се обезбедува максимално користење на потенцијалите на нашите средства за заштита на растенијата.

Дизните се дел од уредот за примена кои поднесуваат најголемо оптеретување. Со калибрација се проверува протокот низ дизните и изгледот на млазот. Дизните кои отстапуваат од спецификацијата на производителот мора да се заменат. Во зависност од средството кое се применува, засадите и временските услови одберете го соодветниот вид на дизна.

Проверете ги цревата на уредите, спојките на цревата и вентилите, со поравката на овие делови ќе го спречите евентуалното истекување на средствата за примена.

Нема прскање без пумпа, проверете ги исправноста и бројот на вртежи на пумпата, важно е да имате препорачан и постојан број на вртежи, притисокот контролирајте го на исправен покажувач на притисок (манометар). Проверете ги филтрите, постојат повеќе филтри, од отворот на резервоарот до дизните, секој е одговорен за отстранување на нечистотиите и чистиот раствор да дојде до целната површина. Исчистете ги или заменете ги извалканите филтри.

Моите правила за заштита на водата

РАСТВОРОТ ОД СРЕДСТВАТА ЗА ЗАШТИТА ЗА РАСТЕНИЈАТА ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВУВА НА ПОЛЕТО!

1.Со подготовката на растворот на полето се намалува можноста за излевање или растурање на „чувствителните“ површини, како што се дворовите и патиштата.

  • Растворот никогаш не треба да се подготвува крај водени површини и патишта.

  • Без оглед на тоа каде се полни прскалката со вода, препаратот треба да се додаде во резервоарот на прскалката на полето или во насадот.

  • Употребете онолку вода колку што се препорачува во упатството за примена на средствата за заштита на растенијата.

    На овој начин се штеди време, а се намалува и можноста за грешки.


НА ПРЕПАРАТИТЕ МЕСТОТО ИМ Е САМО ВО РЕЗЕРВОАРОТ НА ПРСКАЛКАТА!

2.И најмалото количество од препаратот, надвор од резервоарот на прскалката, претставува ризик за животната средина и за водата.

  • При подготовка на растворот секогаш треба да внимавате гранулите, правот или течноста од препаратот да не се растураат надвор од резервоарот на прскалката.

  • Само мало количество од овие средства доволно е за загадување на водата.

ПРАЗНАТА АМБАЛАЖА ПОТРЕБНО Е СЕКОГАШ ДОБРО ДА СЕ ИСПЛАКНЕ!

3.Пластичните шишиња од препаратите, секогаш треба добро да се исплакнат со чиста вода, а при плакнењето содржината да се истури во резервоарот на прскалката.

  • При прскањето во полето или насадот секогаш треба да се има доволно чиста вода за плакнење на амбалажата.

  • По примената на средството, секогаш со себе земете ја исплакнетата амбалажа.

  • Амбалажниот отпад да не се фрла, закопува или пали.

  • Амбалажниот отпад од средствата за заштита на растенијата треба да се депонира на соодветен начин и да се сочува се до моментот на собирање.

ПРЕОСТАНАТОТО КОЛИЧЕСТВО ОД РАСТВОРОТ ПОТРОШЕТЕ ГО НА ПОЛЕТО!

4.Растворот кој останал во прскалката, а не е потрошен, треба да се разреди со вода и повторно да се употреби на веќе испрсканата површина.

  • При подготовката за заштита на насадите потребно е внимателно да се пресмета количеството на раствор потребно за одредена површина.

  • Ако сепак остане мало количество на раствор во прскалката, треба да се разреди во однос 1:10 и да се потроши на веќе испрсканата површина.

ПРСКАЛКАТА СЕКОГАШ ДЕТАЛНО ДА СЕ ИСЧИСТИ НА НАЧИН КОЈ НЕМА ДА ГИ ЗАГАДИ ОКОЛИНАТА И ВОДАТА

5.Внатрешноста на прскалката треба одлично да се измие, а остатокот од растворот да се разреди и да се искористи на полето.

  • При миењето на прскалката треба да се бираат места на кои не постои ризик од доспевање на средствата во надземните или подземните води.

  • Неисчистената прскалка никогаш не оставајте ја без надзор.

ПРСКАЛКАТА ПО КОРИСТЕЊЕТО И МИЕЊЕТО ОСТАВЕТЕ ЈА ПОД ПОКРИВ!

6.Само прскалката која е заштитена од врнежи, па и во случај да не е темелно  површински измиена, не претставува ризик за загадување на водата.

  • Доколку не е измиена површината на прскалката, а оставена е на отворен простор, дури и неколку дена по примената, врнежите ќе ги измијат остатоците од препаратот кои претставуваат ризик за загадување на водите.

ОДРЖУВАЊЕТО И ПОПРАВКИТЕ СЕ ВРШАТ САМО НА ЧИСТА ПРСКАЛКА!

7.Пред поправка на прскалката или пред контролата на нејзината исправност, потребно е да проверите дали има во резервоарот или во цревата остатоци од претходно користениот раствор.

  • Пред секое прскање, а задолжително на почетокот на сезоната за користење, потребно е да се провери исправноста на сите делови на прскалката.

  • По потреба поправете ги или заменете ги неисправните делови, посебно контролирајте ги распрскувачите.

  • Калибрацијата на уредот за примена придонесува кон поефикасно и економично користење на средствата за заштита на насадите, чувајќи ги водата и околината.

ПРАВИЛАТА ЗА ЗАШТИТА НА ВОДА, НА СИТЕ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ЈАСНИ!